Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:0 во сетови.
Трибините, како што вообичаено се случува кога игра Новак, беа исполнети во голем број, а иако публиката беше претежно наклонета кон локалниот тенисер, присутни беа и голем број навивачи на Новак.
Меѓу нив беше и момче од Македонија, кое по натпреварот успеа да го довилне Новак. Кога се приближил Ѓоковиќ, навивачот му дал знаме, за да може Србинот да го потпише, а со гест потоа овој млад човек покажал колку го сака Ѓоковиќ.
Имено, кога Новак му го врачил потпишаното знаме, младиот човек не можел да го сокрие ентузијазмот, па го бакнал, а потоа среќен си заминал од трибините.