ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против 53-годишниот Ш.З. од Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Пријавениот на 08.05.2021 околу 20:00 часот во Градскиот парк во близина на кејот на реката Вардар во Гостивар, додека бил заедно со оштетената 38-годишната А.О. од Гостивар, ја турнал, при што таа паднала и се повредила.