Во средата попладне, еден човек смртно настрадал додека работел во фабриката на Мерцедес-Бенц во Штутгарт. Не е јасно како можела да се случи несреќата.
– Околу 15 часот и 40 минути 33-годишен маж се обидел да поправи дефект на машината за чистење и притоа тешко се повредил, соопшти полицијата.
Мажот бил префрлен во болница во Штутгарт. Но, неговите повреди биле толку тешки што починал истата вечер.
Во меѓувреме криминалистичката полиција започна истрага за расветлување како дошло до несреќата. Полицијата во своето соопштение не соопштува повеќе детали за несреќата, ниту за идентитетот на мажот.