Почина 31-годишен грчки граничен чувар кој се застрела со службениот револвер во раните утрински часови на 3 септември, по што беше хоспитализиран на Одделот за интензивна нега на Универзитетската болница во Александруполи.

Според грчките медиуми, семејството на полицаецот и покрај нивната огромна тага, решило да ги донира неговите органи на тројца луѓе на кои им се потребни.

31-годишниот маж бил хоспитализиран во болницата во Александруполи, но продорната повреда на главата му предизвикала мозочна смрт, а неговото семејство решило да се одлучи за донација на неговите органи. Поточно, срцето, бубрезите и рожницата на полицаецот ќе бидат достапни за трансплантација.

Како што објавија неговите колеги, од неодамна несреќниот 31-годишник не бил во добра психолошка состојба.