Во една од болничките соби на Инфективното одделение во Велес лежи 43 годишниот пациент кај кој е лоциран делта сој на ковид 19.
-Случајно го затекнавме на тераса, но не сакаше да говори пред камера. Ни раскажа дека неодамна се вратил од Англија каде работи. Се пожали дека условите се лоши и дека во петок очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека има корона, бидејќи симптоми нема, а не е ни вакциниран, објави телевизија Телма.
Според информациите од епидемиолзите во анкетниот прашалник е наведена само сопругата. Пациентот слетал во земјава на 21 јуни кога се вратил во велешкото село каде живее, а на 28-ми бил хоспитализиран.