ЛИМА – Најмалку 24 лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа на патнички автобус во Перу, соопшти компанијата „Молина Јунион“, која е сопственик на автобусот, пренесуваат попладнево светските агенции.
Официјални лица од областа Анко, каде што се случи несреќата, соопштија претходно денеска дека најмалку 20 лица загинале, а 20 се повредени, јавија перуанските медиуми, пренесе Ројтерс.
Перуската агенција за надзор на транспортот (SUTRAN) соопшти дека првичните истраги покажале дека автобусот поминал редовен технички преглед.