Аида Дендиќ (33), работничка во пекарница, е убиена во неделата во Завидовиќи на своето работно место. Таа била смртно застрелана од Мерсуд Х.(45), кој потоа се самоубил.

Поранешниот сопруг на убиената Аида, Адмир Дендиќ на својот профил на социјалните мрежи се огласи ден по убиството со барање познаниците и медиумите да не користат фотографии од нивните деца во своите објави, а остави и шокантна порака.

– Будалата го направи тоа што го направи, подобро можеби и не заслужила, знам јас и Господ знае – напиша Дендиќ.

Инаку, Аида со години работеше во пекарата „Централ“ во Завидовиќи. Имала две малолетни ќерки. Мерсуд бил готвач во познат ресторан во Завидовиќи, а имал оружје бидејќи бил член на локалното ловечко друштво. Тој исто така беше разведен и имаше две деца.

-Влезе во пекарата и ја повика Аида. Веднаш пукал – вели соговорникот на Аваз.