Најмалку 21 лице загина вечерва откако автобус падна од надвозник во близина на Венеција, јавуваат италијанските медиуми. Автобусот излетал од патот нешто пред 20 часот и паднал во близина на железничка линија во областа Местре, која е поврзана со Венеција преку мост, јавија италијанските новински агенции и телевизија.

РАИ пишува дека две деца се меѓу 21 жртва во несреќата во автобус во Местре. Според полициски извори, телата на двете деца веќе се извадени. Меѓу 18-те повредени има уште три деца.

Петмина повредени од кои двајца малолетници се во болницата во Тревизо, додека уште еден малолетник со возило на брза помош е пренесен во болницата во Падова. Останатите 12 се наоѓаат во Местре. Жртвите се уште не се идентификувани, но се чини дека станува збор претежно за украински и германски туристи.

– Во автобусот имало и група украински граѓани и некои германски државјани. Ова се утврди по откривањето на пасошите кои се однесуваат на двете националности. Според она што го дознаваме, возачот бил од италијанска националност, објави ТГ 24.

Министерот за транспорт Матео Салвини рече дека жртвите пред се’ се украински граѓани.

– Жртвите „се пред се туристи и пред се украински граѓани, изјави Салвини.

„Изгледа како обичен автобус, но се користеше за превоз на туристи до кампот. Се чини дека во него имаше многу странци, меѓу кои и деца. Најдовме неколку украински документи. Ги изнесуваат последните тела“,. изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро за RaiNews по повод несреќата во Местре.