Воената операција на израелските одбранбени сили во Појасот Газа, како одговор на ракетните и копнени напади од палестинска страна, се изведува под називот „Железни мечеви“, соопшти израелската прес служба. Според израелските медиуми, досега загинале најмалку 20 Израелци.

Претходно, прес службата на одбранбените сили на Израел потврди истрелување на ракети врз израелска територија од Појасот Газа.

Алармите постојано се огласуваат од утрово, почнувајќи од 06:28 часот, на многу локации низ земјата, вклучувајќи го и Тел Авив и неговата околина.

Во контекст на најновите случувања, израелската војска објави состојба на „подготвеност за војна“. Министерот за одрбана, Јоав Галант нареди мобилизација на резервисти и нареди воведување на „посебни ситуации во позадина“ во радиус од 80 километри од појасот Газа.

Тој рече дека Хамас започнал војна против Израел, нарекувајќи ја сериозна грешка и изрази уверување дека неговата држава ќе победи.