Појасот Газа, сцена на нова војна со Израел, е палестинска енклава во рацете на исламистичкото движење Хамас, кое со децении се бори со насилство и сиромаштија. Се граничи со Израел на север и исток, со Средоземното Море на запад и со Египет на југ. Тоа е тесна територија од 360 квадратни километри, долга 41 километар и широка шест до 12 километри.

Таму живеат два милиони Палестинци, или речиси 6.000 жители на км/квадратен, што е една од најголемите густини на население во светот.

Во 20 век, Газа потпадна под египетска управа во 1948 година, набргу по прогласувањето на државата Израел. Територијата потоа беше окупирана од Израел по арапско-израелската војна во 1967 година.

На 12 септември 2005 година, Израел еднострано се повлече од Појасот Газа, каде што Хамас, исламистичко движење кое Израел и многу западни земји го сметаат за терористичка организација, дојде на власт две години подоцна. Во јуни 2006 година, Израел воведе копнена, воздушна и морска блокада на енклавата по киднапирањето на израелски војник кој беше ослободен во 2011 година.

Погледнете ги најновите снимки направени вечерва: