На секого омилена, секогаш посебна, единствена, русокоса, вистинска дива на Холивуд – Мерилин Монро почина во 1962 година и зад себе остави огромно актерско наследство. На социјалните мрежи кружи едно од нејзините последни видеа, објавено само неколку дена пред нејзината смрт.
На видеото се гледа Мерилин на плажа, како сосема мирно гестикулира додека му позира на фотограф. Кон крајот на јули 1962 година, холивудска актерка позира за Џорџ Барис на плажа. Дури неколку дена по нејзината смрт, Барис им откри на медиумите дека била нерасположена.
„Додека во еден момент таа гласно се смееше, во друг плачеше без причина и не забележуваше никого околу себе“.
Да потсетиме, Мерлин Монро се уште важи за една од најголемите холивудски ѕвезди и ја паметат како секс симбол. Веста за нејзината смрт ја шокираше јавноста на 4 август 1962 година, а обдукцијата откри дека таа се предозирала со антидепресиви и дека можеби се самоубила.
После тоа се појавија многу теории на заговор, а една од нив е дека за нејзината смрт е виновен американскиот претседател Џон Кенеди со кого имала афера.