Мајка на две деца загина кога ја удри гром на плажата Бокила во Картагена, Колумбија. Несреќната Фроиланис Мејрет Ривас Роман паднала на земја за дел од секундата кога ја удрил гром. Во исто време, очевидец го снимил застрашувачкиот момент.
34-годишната жена е снимена како оди по крајбрежјето на снимка на која се гледа како силен гром ја удира. Во близина имаше полицаец кој изгледа шокирано од звукот на громот, но без да погледне кон жената. Друго лице шокирано паѓа на песокот и потоа трча да и помогне на жената која починала на лице место по ударот.
Роман била во посета на плажата Бокила во Колумбија со членовите на семејството. Таа зад себе остави син и ќерка и често споделуваше објави со своите две деца на Фејсбук. Таа имаше и своја компанија за облека на Инстаграм.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, шансите некој да биде погоден од гром се еден во милион, но сепак речиси 90% од жртвите преживуваат. Во Колумбија смртните случаи од гром поради временските услови се зачестени. Според Индустрискиот универзитет во Сантандер, големиот број планини и отворени рамнини во земјата го прават регионот подложен на електрични празнења.