Коринтија е потоната во жалост поради смртта на двете млади момчиња, на возраст од 22 и 23 години, кои починаа на асфалтот по сообраќајната несреќа што се случи во зори на националниот автопат Атина-Коринт, јавуваат грчките медиуми. Според информациите, несреќата се случила нешто по 5 часот кога двете млади момчиња и еден пријател се враќале од роденденска забава во Атина.

На висина на Кинета, додека возилото се движело кон Коринт, неговиот возач изгубил контрола – од засега непозната причина – поради што автомобилот се забил во заштитните банкини.

22-годишникот и 23-годишникот се извлечени мртви по несреќата, а возачот на автомобилот е повреден. Тој се спасил бидејќи носел сигурносен појас и со возило на Брза помош ЕКАБ бил пренесен во Општата болница Коринт.

Една од двете жртви е по потекло од Спатовуни и работел како сезонски пожарникар во Противпожарната служба во Коринт, додека неговиот 23-годишен пријател бил жител на Лутраки.