Тажната вест го потресе семејството на Роберто Фирмино. Хозе Кордеиро Роберто де Оливиера, таткото на бразилскиот фудбалер, ненадејно почина на 62-годишна возраст откако доживеа срцев удар на семејно патување во Дубаи.
Тажната вест ја соопшти бразилскиот UOL, а потврда набрзо стигна и од кругот на семејството.
Фирмино летово го напушти Ливерпул, каде помина осум долги години и постигна 111 гола на 362 натпревари.
Бразилецот потпиша за Саудиска Ал Ахли на три години и беше дел од тимот кој ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, а следната сезона во која ја освои титулата во Англија постигна девет гола.
„Татко ми Хозе беше мојот херој од детството, инспирација и пример. Дарежлив, сериозен, чесен човек кој беше посветен на своето семејство“, напиша Роберто Фирмино во својата биографија Си Сењор.