Метеорологот Славчо Попоски најави арктичка бомба на Балканот и во Македонија.
„ Овој пат ќе се посветиме на она што не очекува според најновите ажурирања на метеоролошките модели, а тоа е дека од петок Балканот ќе биде погоден од снежна бомба и многу длабок циклон кој со продорот на студениот воздух од север ќе се формира над Јадранот (во центарот на овој циклон воздушниот притисок ќе биде неверојатно низок за нашите краишта, и тоа дури 978 htp – хехтопаскали во превод.
Со ова во целиот регион, како и во Македонија ќе има обилни врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите), и ќе владее прекрасна снежна бајка. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен правец и голем пад на температурите на воздухот.
Викендот кој доаѓа ќе биде многу студен и снежен.
НАПОМЕНА: Промена на метеоролошките модели сеуште се можни, па затоа ги советуваме граѓаните да ги следат следните наши анализи. Се на се, се повеќе и повеќе растат шансите од петок Балканот и Македонија да бидат зафатени од снежна бомба од Арктикот (Снежен циклон).
Од оваа Акртичка бомба ќе биде зафатена цела Европа.“ објави тој.