Тринаесетгодишно момче од Романија паднало од прозорец на хотел во Австрија додека бил на екскурзија со другарите. Според австриските медиуми, момчето околу 5 часот наутро го отворило прозорецот од својата соба, излегло на настрешницата на хотелот и паднало од висина од 15 метри.
Инцидентот се случил во раните утрински часови во Винер Нојдорф. По пријавата, Брзата помош брзо излегла на местото на настанот, но кога пристигнале го пронашле момчето во безживотна состојба.
Според извештаите, момчето престојувало во австриски хотел со неговите школски другари од Романија. Полицијата ги истражува деталите за овој случај.