Полицијата, итната медицинска помош и пожарникарите се на терен, во близина на Кривиот мост во Подгорица, каде автомобилот слета во реката Морача. Репортерот на подгорички „Вијести“ кој е на терен јавува дека од реката Морача се извлечени две тела.

– Најверојатно станува збор дека за А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син, објавија црногорските медиуми. Од Управата на полицијата неофицијално за „Вијести“ велат дека, според изјавите на очевидци, најверојатно слетал „голф 4“.

Несреќата се случила во 13:20 часот. Првите податоци од полицијата, а врз основа на исказите на сведоците на трагедијата велат дека најверојатно се работи за самоубиство, објавува „Вијести“

Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ од правец на Делта најпрвин со својот автомобил полека се качил на тротоарот, а потоа ненадејно го залетал возилото и слетал во Морача.

Полицијата приведе еден сведок кој наводно го видел возачот како најпрво се качува по тротоарот со својот автомобил.