25-годишно момче се обесило кај археолошкиот локалитет Баргала, јавува локалната штипска телевизија Стар.
Телото на момчето го пронашле локални жители. Полицијата извршила увид, а телото е предадено на обдукција.
Како што јавува телевизијата, ова втор случај на самоубиство на млад човек за само еден месец.
Претходно на Плачковица било пронајдено тело на 28-годишник.