На 4 декември, Александра Пријовиќ го одржа својот 4-ти по ред концерт во загребската Арена, а по одличната вечер во бекстејџот ја пречекаа поединци кои сакаа да се фотографираат со неа. Една фотографија стана хит на мрежите, а станува збор за навидум исклучително атрактивна бринета која позира со Александра.
Меѓутоа, не се работи за девојка, туку за маж со идентитет Божидар Павлиќ, познат и како Божо Краљ. Станува збор за хрватски фризер, а од неодамна и пејач кој соработува со познати Хрватки како дизајнерката Матија Вуица, пејачката Хана Машиќ и манекенката Тина Мустапиќ.
Тој еднаш изјави дека повеќето од луѓето кои го контактираат се оженети мажи.
– Не знам што ги пали толку многу, но најмногу ме контактираат оженетите мажи, сонуваат за ноќ помината со мене, можам да заклучам дека тоа е поради мојот атрактивен изглед, но искрено ми е жал за нивните жени – рече Божидар.
– Одредени медиуми не сакаат да ме пуштат под изговор дека не се вклопувам во нивната програма. Мислам дека проблемот овде е што моите песни имаат малку српски шмек, а исто така има врска со мене и мојот изглед, како и со мојата сексуална ориентација, но сето тоа ќе се промени бидејќи нема да се откажам, истакна тој еднаш.
Божидар се чувствува како маж, но негува женствен изглед.
– Тоа е затоа што ми се допаѓа андрогениот изглед, сакам негувана кожа и коса, сакам шминка, мислам дека сето тоа е дел од животот и дека воопшто не треба да има предрасуди кон тоа, бидејќи облеката и целата козметика може апсолутно да биде унисекс. Јас сум човек од иднината – рече тој на темата.