Во пресрет на претстојниот празник Курбан Бајрам, Секторот за внатрешни работи – Скопје ги информира граѓаните дека Одделението за превенција деновиве ќе реализира повеќе работни состаноци со граѓанскиот сектор, на кои ќе се укаже на потребата од почитување на законската и подзаконска регулатива за продажба и колење на животни по повод празникот, вклучително и мерките за заштита од ширење на COVID-19.
– Секторот за внатрешни работи Скопје укажува дека годинава по повод празникот, продажбата на добиток, за кој мора да се поседува соодветна документација, ќе се врши исклучиво на Сточниот пазар во село Трубарево, додекa продажбата на други локации, како и колењето на животни на јавни површини, се забранети и ќе бидат санкционирани. соопштија денеска од МВР.
Од страна на Одделението за превенција при Сектор за внатрешни работи Скопје во содејство со Агенција за храна и ветеринарство во општините Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров ќе бидат поделени и флаери на граѓаните со цел нивно информирање и едуцирање.