Чешката полиција уапси двајца мажи на плоштадот И.П. Павлов во Прага под сомнение дека носеле бомба.
На местото на полициската интервенција во петокот вечерта сообраќајот беше во прекин, а возовите на метрото само минуваа низ станицата без застанување, јавува Radio Prague International.
Експертите за експлозиви кои дошле на местото на настанот заклучиле дека се работи за лажна тревога, но двајца мажи сепак се приведени.
Во Прага се на сила засилени безбедносни мерки, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукотницата на Карловиот универзитет уби 14 и рани 25 лица, а потоа се самоуби.