Попладнево се случи двојно убиство во Челопек, напаѓачот исто од Челопек е повреден и е пренесен во Клиничката болница Тетово. Иако дел од медиумите објавија дека има 3 жртви, сепак официјалните податоци засега говорат за двајца загинати.
Тетовската болница е под силно полициско обезбедување, а на местото на несреќата увид врши СВР Тетово.
Детални информации се очекуваат наскоро.