Во последните денови Германија е погодена од невидени поплави предизвикани од обилни дождови.
Бројот на луѓе кои ги загубија своите животи во поплавите во оваа земја денес се искачи на 106, објави германскиот медиум АРД, што претставува најголема масовна загуба на животи во Германија поради природни катастрофи по многу години.
Видеата објавени во германските медиуми покажуваат дека поплавите претставуваат непредвидена опасност и за пожарникарите.
Имено, пожарникарот го носеше поројната вода и се чинеше дека нема спас за него, но спасувањето сепак пристигна, во последен момент.
Тој беше извлечен од поплавата од група локални жители кои ги ризикуваа своите животи, исто како што овој пожарникар го ризикуваше својот.
Германската влада преку Фејсбук објави дека околу 1.300 лица сè уште се водат како исчезнати во областа Арвилер, јужно од Келн.
Мобилните мрежи не работат во некои области погодени од поплави, што значи дека луѓето не можат да се слушнат со најблиските.