Премиерот Зоран Заев придружуван од заменик-претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски денеска извршија увид во завршени реконструктивни зафати на реновираното крило на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ.

„Денеска сме тука за да одбележиме уште еден успех во серијата остварувања за подобар јавен здравствен систем во нашата земја првенствено во интерес на нашите граѓани заради грижата за нивното здравје и заради нашите доктори, професори и другите здравствени работници. Во изминатиот период, додека целиот наш здравствен систем беше ставен во првата линија на борбата против пандемијата со КОВИД-19, не престана и грижата за обновата на болничката инфраструктура и грижата за опремување на нашите здравствени капацитети со најдобрата и најсовремената опрема за врвни здравствени услуги за нашите граѓани“, истакна во својата изјава за медиумите претседателот на Владата Заев.

Сепак, најмногу воочливо беше лицето на премиерот. Ретко имаме можност да го видиме неизбричен. Според дрес- кодот на политичарите, едно од правилата се однесува и на машката брада која треба секогаш да биде уредно потстрижана, односно по можност лицето да нема брада воопшто.

Строгото држење до ова правило не значи дека мора стриктно брадата да биде сосема избричена, но да не се дозволи да стане навика, пишува порталот Машки Магазин.