Младата и многу успешна пејачка Александра Пријовиќ во емисијата „Цеца шоу“ раскажа што и се случило на неодамна одржаниот концерт во Хрватска.
„Ми се случи на концертот да ми пукнат панталоните, на многу незгодно место“ – открила Александра Пријовиќ и истакнала дека кога ќе се случат вакви ситуации на концерт, нема многу простор за „поправки“.
„Што ќе правиш, гурај напред и преправај се дека ништо не се случило“ – признала пејачката.
И Цеца се присетила на нејзина непријатна ситуација на настап. Како што рекла, слична ситуација и се случила за време на голем концерт во Ушќе.