АМЕРИКАНСКАТА актерка Оливија Вајлд (39) привлече внимание со својот изглед кога се појави на ревијата на Ив Сен Лоран на модната недела во Париз.

Имено, познатата актерка на ревијата облекла здолниште и проѕирно црно боди под кое немала градник, а целата модна комбинација ја искомбинирала со кожени ракавици.

Да потсетиме дека Вајлд беше во врска со актерот Џејсон Судеикис, со кој има две деца, синот Отис и ќерката Дејзи. Двојката се разведе по девет години врска во 2020 година, по што актерката започна романса со пејачот Хари Стајлс.

Тие беа во врска од јануари 2021 година до ноември 2022 година, а за тоа време заедно го снимија филмот Don’t Worry Darling, во кој Вајлд освен што играше една од главните улоги, истиот и го режираше.

Извор изјави за Page Six дека нивното раскинување било пријателско, а според други тврдења, актерката и пејачот останале во добри односи.