Младиот македонски голман Ѓорѓи Николовски одново е во центарот на вниманието на нашата ракометна јавност.
Членот на кадетскиот тим на Алкалоид пред четири месеци постигна гол за победа над Бисинов, а неговиот скриен талент го покажа и на средбата против Еурофарм Пелистер во натпреварот кој што се одигра викендов. Имено, во самиот финиш од средбата Алкалоид во поле остана со само двајца ракометари и голманот Николовски, но ниту тоа не беше проблем да постигне гол – и тоа каков!
Николовски ја зеде топката во својата половина и си „поигра“ буквално со целата противнички одбрана и постигна мајсторски погодок за големо одушевување на присутните гледачи на трибината.
Голот на Николовски е на 1:14:00