На 66-годишна возраст почина таткото на хрватскиот ракометар Марин Шего. Како што дознаваат хрватските медиуми од мештаните на Меѓугорје, таткото на Марин, Јаков, трагично загинал откако паднал од куќата. Немилиот настан се случил во вторникот наутро.

– Ги известуваме нашите роднини и пријатели дека на 12 март 2024 година, во 08:30 часот, Јаков Шего ненадејно се упокои во Господа на 66-годишна возраст, стои на посмртницата.

Јаков зад себе ги остави сопругата Жељана и синовите Иван и Марин.

Да потсетиме, Марин ракометната кариера ја започна во БиХ, каде е роден и израснат, а своевремено настапуваше и за хрватската ракометна репрезентација. Во моментов игра за германскиот клуб Фриш Ауф Гепинген.

Тој е оженет со неговата средношколска љубов, Ана. Двојката има три деца.