Екипата на „Блиц“ за прв пат јавно ја фотографираше Марија Шерифовиќ со синот Марио.
Имено, Марија Шерифовиќ кон крајот на минатата година го доби синот Марио кој на светот го донесе сурогат мајка. Пејачката е многу посветена како мајка, па најголем дел од времето го поминува со својот наследник.
Таа била на одмор со синот, мајката Верица Шерифовиќ и нејзината пријателка, пејачката Јована Пајиќ, Екипата на „Блиц“ ги сликала синоќа кога се вратиле од патувањето.
Марија прва излезе со синот Марио, го покри со ќебе и цело време го нишкаше и му пееше: „Нуна нуна нушке, бере деда крушке…“ Нејзината мајка Верица и Јована Пајиќ ги чекаа куферите, а подоцна и се придружија на Марија. Поп ѕвездата набрзина тргна кон автомобилот и тие се упатија кон својот дом.