Ги изненади сите со трансформацијата Тетовската убавица, Кристина Димитриевска, ги воодушеви сите со новата фризура со која што позираше на Инстаграм. Таа реши да направи мала промена, а ова нејзино издание дефинитивно предизвика големо внимание во јавноста.

Иако се уште не е познато дали Кристина оваа промена ја направи за потребите на снимање на некој проект или спот, дефинитивно сите беа изненадени од нејзините нови снимки на Инстаграм.

Таа ја здржа својата боја, само малку ја потемни нијансата и ја скрати, па доби совршена фризура во која изгледа како холивудските диви. Но тоа не беше сé…

Имено, Кристина гордо позираше пред камерите, а многумина беа изненадени заради уште еден детаљ што исто така не можеше да помине незабележано од стран на фановите.

Покрај фризурата и преубавата шминка со која ги истакна цртите на лицето, оваа млада дама ги распамети сите и со стајлингот. Кристина позираше во досега никогаш поотворен фустан кој како да беше само за неа сошиен и со кој го истакна своето тело.

Таа ја донесе својата линија до совршенство, а со креацијата што ја носеше покажа дека нема ни грам вишок.