Откако првпат стапна на сцената на Гранд во 2021 година, талентираниот Јанко Јанков од Бугарија привлече големо внимание кај жирито, но и кај милионската публика. Некои медиуми го нарекоа бугарскиот Шабан Шаулиќ, а како што вели тој, за тоа е заслужна емоцијата во неговиот глас.
Иако ретки се моментите кога Јанко открива детали од приватниот живот, тој направи преседан за Гранд и зборуваше за растењето во Перник.
– Важно ми е да не го разочарувам семејството бидејќи сите од мојот град ме поддржуваат. Инаку, кога бев мал моите родители слушаа само српски песни. Пораснав слушајќи народни песни и тоа е една од причините што решив да се пријавам за „Ѕвезде Гранда“ – изјави Јанко. Инаку, Јанко со години ужива во љубовта со сопругата Кристина, а денес се горди родители.
Младиот пејач не пропушта прилика на социјалните мрежи да ја покаже својата поубава половина со која често ужива во патувањето. Малкумина се сеќаваат дека Јанко пред три години ги бранеше боите на тимот на Вики Миљковиќ, по што пред самиот крај на сезоната мораше да се откаже од конкуренцијата од здравствени причини.
– Морав да го напуштам натпреварувањето поради корона вирусот што ме зафати, затоа сега работам напорно и најважно ми е да бидам здрав – изјави натпреварувачот.
Јанко за Гранд откри дека „Ѕвезде Гранда“ е масовно гледана во неговата родна земја, но и дека Цеца е најслушана пејачка. По пауза од една година, талентираниот Бугарин повторно се пријави на „Ѕвезде Гранда“, а оваа сезона брилјира во тимот на Снежана Ѓуришиќ.
Многу членови на стручното жири му предвидуваат многу успешна кариера на Јанко, особено откако ја остави Марија Шерифовиќ без зборови.
– Седам овде девет години и првпат некој што не е од нашето говорно подрачје да ги изведува нашите песни на ваков начин. Да се прашувам јас, ќе ти дадам специјална награда Јанко. Не се шегувам, тоа не е мала работа и добро е за тебе – рече Марија.
Дека има огромна желба да успее во светот на музиката говори и брзината со која младиот Бугарин го научил српскиот јазик.
– Многу пати сум пеел во Бугарија, но до сега не сум го сретнал. Ова е првиот пејач од Бугарија кој пее совршено на наш јазик, па мило ми е што го слушнав и ќе соработуваме – изјави Кеба.