Зијадин Села од Кичево рече дека Европскиот фронт е создаден за да ги спречи порочните умови на вистинските противници на Фронтот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица, пренесува ТВ21.
Села додаде дека Европскиот фронт е фронт кој им вели не на оние кои сакаат да го тргнат Бадентеровиот механизам и рече дека се подготвени да разговараат за овие механизми, но да ги унапредат, а не да ги враќаат назад.
Села вели дека доколку има потреба ќе формираат дводомно Собрание, и додава дека ВМРО нема да добие 60 пратеници туку 48 или помалку.
„Токму Европскиот фронт им вели не, еднаш засекогаш, на сите оние кои велат да се отстрани Бадентеровиот механизам како механизам за заштита кој е наменет за народите кои не се мнозинство. Фронтот е подготвен да зборува за овие механизми, но не да ги врати назад туку да ги унапреди“, рече Села.
Ахмети на импровизирана седница го прогласи Села за претседател на Собранието, а османи на државата
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија, пренесува ТВ21. Ова се случи на импровизирана седница.
„Напоменувам дека со 120 „за“ за претседател на Собранието на РСМ е избран пратеникот Зиjадин Села. Дозволете ми во ваше и во мое име да му го честитам изборот на пратеникот Зиадин Села за претседател на Собранието на РСМ и да му посакам успех во работата“, рече Ахмети, по што и Села даде импровизирана „заклетва“.
Четврта точка на дневниот ред беше за време на симулацијата беше Свечената декларација на Бујар Османи, како претседател на државата.
Артан Груби во изјава за медиумите посочи дека биле усвоени и уставните измени, како и усвоен новиот начин на гласање на претседателот.