Посилен земјотрес кој значително се осети во дел од скопското подрачје пред малку ја стресе Македонија.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот е регистриран во 01:39 часот, но засега не се познати повеќе детали.
– „Се здрма цела куќа….“, „Убаво удри, се здрма, но кратко беше“, „Се жалат по ФБ, куќите им се треселе“, „Страшен звук, вертикален беше“, „Убаво се осети и слушна“, се вели во коментарите на сајтот на ЕМСЦ од корисници од Македонија.
Според коментарите, земјотресот најсилно е осетен во реонот на Драчево и Батинци.
ОБНОВЕНО 10:50 ЧАСОТ: Почуствуван од населението во Скопје и околината
Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.