Битката за влез во холандската Ередивизија е во самиот финиш. Вилеем Втори си обезбеди место во елитата, а на чекор до тоа е и Рода. Овој тим в петок ја победи екипата на Камбуур со 2-0, а до пред крајот му одговараше и резултатот на мечот меѓу Телстар и Гронинген во кој гостинот даде израмнувачки гол за 1-1 во 95. минута.

Сепак, официјалниот спикер на натпреварот во Рода имаше поинаква информација. Имено, тој дознал дека Телстар води 2-1, а тоа ја водеше Рода директно во првата лига. Спикерот ги повика навивачите на славје, а тие го преплавија теренот.

Ситуацијата на теренот меѓу Телстар и Гронинген сепак не им одговараше на славениците. Гронинген израмни на 1-1 и со тоа остана на три бода дефицит и со шанса во последното коло да сонува директна промоција.

– „Моја вина“, призна во интервју за Voetbal International, Вим Фринс, најавувачот во арената Паркштад Лимбург. Споменатиот господин ја иницирал прославата со ширење неточни информации.

– Некој ми кажа дека Телстар постигнал гол. Луѓето плачеа покрај мене од среќа. Фудбалерите на Рода се вратија на теренот за да слават со навивачите. Мислев дека информацијата е точна. Дури подоцна дознав дека вториот гол на Телстар е поништен. Но, никој не можеше да го спречи славјето на навивачите…