Поранешниот НБА кошаркар, Дариус Морис, почина на 33-годишна возраст, објавија локалните медиуми.

Во текот на својата кариера, Дариус играше за ЛА Лејкерс и Клиперс, Филаделфија, Мемфис и Бруклин.

Морис беше драфтуван во второто коло од Лејкерс во 2011 година и одигра 67 натпревари во регуларниот дел од сезоната за франшизата.

Тој продолжи да игра за Филаделфија 76ерс, ЛА Клиперс и Мемфис Гризлис пред да ја заврши четиригодишната НБА кариера играјќи 38 натпревари за Нетс во сезоната 2014-2015.

Причината за смртта засега не е позната.