Кејти Пејџ е мајка од Колорадо која ги сака децата повеќе од се на светот. Иако нема свои биолошки деца, таа посвои три деца, а подоцна, откако се заљуби во маж по име Џош, во нивниот дом дојдоа уште две негови деца од претходната врска.
Денес, нивното семејство се состои од седум члена – две момчиња, три девојчиња и родителите Кејти и Џош. Меѓутоа, она што ја заинтригира светската јавност многу повеќе од бројот на членовите на нивното семејство се посвоените деца.
Откако Кејт поради одредени сомнежи одлучи да направи ДНК тест на своите деца, остана без зборови од шок.
Кејти, која денес има 40 години, во 2017 година сакала да ја исполни желбата која ја имала од детството и да посвои дете. Така Грејсон дошол во нејзиниот дом, тогаш како бебе, а сега мало шестгодишно дете.
Но, набрзо Кејти добила повик од социјалните служби дека и на девојче, кое тогаш имало една година, и е потребно згрижување. Таа не се двоумела да го вдоми, но набрзо забележала дека нејзиниот првопосвоен син и малото девојче кое после го посвои се неверојатно слични.
ДНК тестот покажа неверојатни резултати
Иако Кејти верувала дека бебињата потекнуваат од различни мајки, бидејќи биолошката мајка давала различни презимиња кога ги давала бебињата на посвојување, по ДНК тестот вистината била сосема поинаква.
Грејсон и Хана се брат и сестра. Кејти беше целосно шокирана – но на позитивен начин. Овие резултати од тестот и помогнаа на Кејти официјално да ја посвои Хана во декември 2018 година.
„Бидејќи беа во роднинска врска, таа можеше да остане во мојата куќа. Требаше да се сретнат, тоа е прилично јасно. Мислам дека Бог го намислил тоа од самиот почеток. Да не беа во роднинска врска, Хана немаше да остане со нашето семејство. Би била сместена кај други роднини“, изјави Кејти Пејџ еднаш за People.
Но, тоа не беше крајот на неверојатната приказна за Кејти од Колорадо. Бог сакаше да и приреди уште едно изненадување.
И третиот брат пристигна во нејзиниот дом
Две години откако Пејџ официјално ја посвои Хана, слушна за едногодишниот Џексон, биолошкиот брат на Хана и Грејсон.
„Штом го зедов во раце бев пресреќна. Реков: Ова е нивниот брат, ова е неговото семејство“, изјави Кејт за американските медиуми откако го посвои третото дете Џексон.
Потоа, во февруари, мајката на три посвоени деца доби уште едно изненадување: Билошката мајка на Грејсон, Хана и Џексон родила уште едно девојче кое таа исто така го напуштила и кое, се разбира, Кејти сакал да го згрижи..
Сепак не ја посвоила најмладата сестра
Сепак, најмладото девојче на крајот беше посвоена од друго семејство кое веќе имало две посвоени деца од истата биолошка мајка – Тејлор и Иди Грејс. Тоа би значело дека од шесте напуштени деца, три биле посвоени од Кејти Пејџ, а три од семејството Витни, кои се во близок контакт со Кејти, исто како и нивните деца – браќа и сестри.