Ана Брзанова е крунисана за „Miss Earth Macedonia“ за 2021 годинаво организација на „Miss Earth Beauties“.
Младата и убава гевгеличанка ја претставуваше Македонија на изборот „Miss Earth Balkan“ одржан пред неколку дена во Босна и Херцеговина.
Брзанова има 21 година, се занимава со моделинг, а сега гордо ја понесени титулата „Кралица на убавината од Македонија“.
Таа беше избрана за „Топ модел Македонија“ за 2019 година, „Мис Глоуб Србија“ за 2020 година; „Мис на Евроазија“, Србија 2021 година.
Убавата Ана ќе ја претставува земјава на Меѓународниот избор кој ќе се одржи на Филипините.
Меѓународниот настан „Miss Earth“ ќе се одржи во октомври годинава и ќе трае 30 дена, а целиот настан ќе го пренесува „Fox TV“.