Српската водителка Сања Маринковиќ, која моментално е на одмор во Турција, оди на плажите и фотографира дебели жени, ги објавува фотографиите на социјалните мрежи и ги исмева поради нивниот изглед.

Овој ужасен потег ја разбесни српската јавност, а водителката уште еднаш беше мета на корисниците на Твитер, како и претходно поради натписот на една фотографија како „ковид елита“.

Сања на својот Инстаграм сликаше две жени со облини на плажа и додаде коментар кој ги зовре социјалните мрежи.

– И после ти Сања, размислувај за правилна исхрана и „дави“ го инструкторот да ги зајакне тренинзите. А види ја мојата комшика „аква паркот“ и нејзината пријателка – напиша таа во описот на фотографијата, исмејувајќи ги жените со „смешковците“ што ги додаде во описот.

Наскоро следеше вистинска бура на Твитер поради оваа објава, а корисниците на оваа социјална мрежа беа шокирани од однесувањето на водителката.

– Не му е на секого убаво да изгледа како „коска“, колку е непристојно да коментираат вака и да сликаат, вистински ужас. Можеби на некој му е убаво да изгледа така, што и е грижа?, се вели во еден од коментарите:

– Како може една дама да не се срами и да си дозволи да оди наоколу и да слика луѓе? Срамота и ужас…