Словенечкиот ММА борец Миран Фабјан доживеа несреќа на пат кон Белград, пред мечот со Дарко Стошиќ. Еден од најпознатите регионални борци се огласи на својот Инстаграм профил веднаш по несреќата.
За среќа, избегната е трагедија.
– Лош почеток, добар крај. Сите сме живи, жал ми е што тројца од другото возило беа пренесени во болница, но фала богу нивните животи не се во опасност. Денеска го надминавме ова, го поставив мојот мозок на фајт мод и утре на мерењето ве чека словенечкиот Роки. Во сабота го гасам дебелиот Дарко. Борбата ќе се одржи – напиша Фабјан со фотографии од страшната несреќа.