Утринава околу 6 часот во Будва почина првиот голман на црногорската фудбалска репрезентација Матија Шаркиќ.
Тамошните медиуми објавија дека на Шаркиќ нагло му се влошила здравствената состојба, неговите пријатели повикале итна помош, но докторите не успеале да го спречат најлошото.
– Како што дознава „Вијести“, му се слошило во станот во кој престојувал, по што починал, објаија црногорските медиуми.
Голманот почина на 27-годишна возраст како член на англискиот клуб Милвол каде дојде минатото лето откако претходно беше член на уште неколку клубови од Островот.
За репрезентацијата на Црна Гора, Шаркиќ забележа девет настапи, но воодушеви на неодамнешниот дуел против Белгија кога и покрај поразот од 0-2 имаше голем број извонредни интервенции. Во него, црногорската фудбалска јавност гледаше решение за голманската позиции за следната деценија.