Само неколку часа откако челниците на УЕФА почнаа истрага против албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, за неговото пцуење на Македонците по мечот против Хрватска (2-2), тој преку социјалните мрежи испрати извинување со цел да избегне казна поради која може да го пропушти останатиот дел од ЕП 2024.
Во неговото неискрено покајување, барем таков е впечатокот кога ќе се прочита соопштението, тој им се извинува на македонските граѓани, но без воопшто да ги спомне конкретно. Неговото каење се однесува кон тие што се почувствувале навредено од неговото однесување, кое беше недолично и ужасно за професионален фудбалер, макар тој бил од Албанија.
Неговото оправдување е еуфоријата поради освоениот бод против големиот фаворит, како и атмосферата што ја направиле илјадниците албански навивачи. Целото извинување може да го причитата во неговата објава на Фејсбук.
Најпрво би сакал да им се заблагодарам на сите оние кои не поддржаа во добрите и тешките времиња на ЕП 2024. Како и секој фудбалер, во тие моменти емоциите се на друго ниво, каде што може да се разбере само внатре во теренот, тешко е да се опише чувството да се игра за оваа репрезентација, за овие прекрасни навивачи кои ни пружаат неограничена љубов, исто како што е нашето мото „Сакај ја Албанија без граници“.
Извинете ако навредив некого по мечот со Хрватска, ефектот од играта си го прави своето, продолжувам да работам заедно со целиот тим за нашите соништа.
Чувствувам морална и професионална обврска да го сторам тоа, за сите оние кои се повредени.