Петгодишно момче се удавило во реката Уна ноќеска, додека заедно со неговото семејство-мигранти од Авганистан се обидувале илегално да влезат од Босна и Херцеговина во Хрватска.
Трагедијата се случила во општина Нови Град, а, според извештајот на локалната полиција, во семејството на мигрантите, имало уште четири малолетни деца.
Наводно, тој паднал од прегратките на татко му.
Момчето кое загина наводно паднало од рацете на татко му додека се обидувале да ја преминат реката.
По пријавувањето на местото на несреќата пристигна медицинска екипа со спасувачките екипи, а потрагата по момчето траеше нешто помалку од еден час пред да се најде неговото безживотно тело. Обидите на лекарите да го реанимираат биле неуспешни.
Во тек е истрага за трагедијата, која ја спроведува надлежното окружно обвинителство.