Видеото на кое наводно се гледа како лекар и медицинска сестра имаат интимни односи во болница во Перу се рашири вирално во моментот кога беше објавено на социјалните мрежи.
Локалните медиуми пренесоа дека експлицитната глетка е снимена во итната помош во болницата во градот Пијур на северозападот на земјата.
– Докторот е фатен во интимна врска со медицинска сестра пред пациенти кои чекаат помош – вели авторот на видеото.
Мнозинството тогаш во коментарите под објавата најостро го осуди однесувањето на лекарот и медицинската сестра.
– Нека одат во хотел – вели еден корисник.
– Отидоа предалеку – додаде друг корисник.
Болницата не се огласи по повод експлицитната сцена во текот на работното време.