Во болница починал Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, пишува ТВ21.

Околу 19 часот во село Орман во близина на маганиците на МВР до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен со нанесена повреда во пределот на главата.

Радомировиќ давал знаци на живот и со возило на Брза помош бил префрлен на скопските клиники, каде подоцна им подлегнал на повредите.