Најдобриот тенисер во светот, Новак оковиќ, своето учество на Олимписките игри го заврши без освоен медал, со две четврти места.
Тој покажа многу нервоза на дуелот за бронза против Шпанецот Каренo Буста. Едниот рекет полета кон трибините, а другиот заврши искршен во столбот што ја држи мрежата.
Затоа познатиот карикатурист Феран Мартин го спореди крајот на Игрите за Новак и за гимнастичарката Симон Бајлс. Според него, Србинот тоа го поднел со многу нервоза, а Американката достоинствено.
Сите во Србија веќе се лути поради неговата карикатура, но коментарите се дека истата ќе биде поттик за Новак да победува уште повеќе.
– Ќе ја дочекаме и Олимпијадата во Париз 2024 година и долгоочекуваниот златен медал за Ѓоковиќ, коментираат Србите и српските медиуми.