Татјана Озолина, жената која често ја нарекуваа „најубавата руски моторџика“, загина во тешка сообраќајна несреќа во Турција.
Не е сосема јасно како дошло до несреќата, па едни тврдат дека Татјана изгубила контрола над моторот и удрила во камион, а други тврдат дека нејзиниот турски колега Онур Обот ја удрил одзади, а потоа удрила со главата во оградата. Во несреќата тешко е повреден и Обут кој моментално е во болница. Третиот мотоциклист кој бил во групата со нив не е повреден.
Моторџиката во моментот на нејзината смрт се возела со својот црвен мотоцикл БМВ помеѓу Мугла и популарното летувалиште Бодрум. Татјана починала на местото на несреќата пред да пристигне брзата помош. Под името MotoTanya, таа имаше осум милиони следбеници на социјалните мрежи. Неодамна на Озолина и беше забранет влез во Европската унија на границата меѓу Турција и Грција.
Нејзината последна објава на социјалните мрежи беше краток клип од грчко-турската граница. Таа порача: „Бев вознемирена што не успеав да возам во Европа, но не премногу затоа што знаев дека тоа може да се случи. Затоа продолжувам да ја освојувам убавата, топла и гостопримлива Турција“.
Три дена пред нејзината ненадејна смрт, Озолина објави фотографија од бикини од Акчабат, додека возела по брегот на Црното Море од Грузија до границата со Грција.