Почина хрватска полицајка која во четвртокот учествуваше во сообраќајна несреќа кај Бајаково, извести вуковарско-сремската полиција.
Полицајката почина во КБЦ Осиек по здобиените повреди. Несреќата се случила пред граничниот премин Бајаково на А3 во четвртокот околу 15 часот и 45 минути во која едно лице загина на лице место, потврдија од Вуковарско-Сремската полиција.
Според полицијата, во несреќата учествувале службен мотор која го управувала полицајката и пешак. Во сообраќајната несреќа загинал пешакот, а лекарска помош добила полицајката која го управувала мотоциклот, но за жал и таа им подлегна на повредите.