Бројни лекари предупредија на помалку познат симптом на рак што можеме наутро да го воочиме на нашата постелнина.

Според зборовите на експертите и научниците, ако постелнината ни е натопена со пот, тоа може да биде предупредувачки знак дека нешто не е во ред.

Многумина од нас се потат ноќе, особено во текот на летните месеци. На ова може да влијае собната температура, ако го делиме креветот со партнерот и други фактори. Меѓутоа, ако нашата постелнина е редовно натопена со пот, тоа може да биде знак за рак, тврдат експертите.

„Повеќето луѓе се потат во текот на ноќта, но ако редовно се будите со влажна постелнина, треба да посетите лекар. Ноќното потење е кога се потите толку многу што ноќната облека и постелнината ви се влажни, иако местото каде што спиете е ладно“, објаснуваат научниците од британската Национална здравствена служба (НХС), пренесува „Дејли експрес“.

На својата веб-страница, Cancer Research UK го наведува „прекумерното ноќно потење“ како еден од вообичаените знаци на рак. Се додава дека тоа може да биде и несакан ефект на лекови или не толку сериозно болести.

Добротворната организација истакнува:

„Ноќното потење или високата температура (треска) може да бидат предизвикани од инфекции или несакани ефекти на одредени лекови. Тие, исто така, често ги доживуваат жените за време на менопаузата.“

Според НХС, постојат некои видови на рак кои можат да предизвикаат зголемено потење, вклучувајќи:

– леукемија

– мезотелиом

– рак на коски

– рак на простата

– рак на бубрег

Ноќното потење не е чудно, особено во лето, но доколку е поинтензивно од порано, не треба да се игнорира.