Денес во Штипското село Чардаклија бил застрелан земјоделски работник од страна на лице државјанин на Република Бугарија, објави Канал 5 телевизија.

На местото на настанот бил и Претседателот на Л.З Ловец од Штип “Полицаецот”Далибор. Наместо веднаш да му се укаже Прва помош на повредениот,полицаецот Далибор му понудил 150лева случајот да не го пријавуава во полиција,го убедувал и му нудел и 200 и 500еур,но повредениот не го прифатил неговиот предлог и сам повикал брза помош.

Ловецот кој го застреалал земјоделскиот работник му било дадено туѓо оружје без дозвола од страна на “полицаецот”Далибор и му било овозможено да лови во забранет терен(терен под заштита).

Оружјето со кое е застрелано лицето се претпоставува дека е на О.А член на Управен одбор во Л.З Ловец

Претседателот Далибор кога пристигнал на местото му се претставил на повреденото лице како полицаец од ЕБР при МВР и го убедувал да не повикува Полиција и Брза Помош.

Исто така доскорешниот миленик на СДСМ недопирливиот полицаец Далибор во моментов изнајмува нерегистрирани странски теренски возила на ловци од Италија,Грција….за кој им наплаќа по 100еур дневно за користење на лов на истите. Тој е пример за углед на кој треба да се угледаме како вработен во МВР.

Против “Полицаецот” Далибор Претседател на Л.З Ловец од Штип,кој е избран на целосно фалсификувани нелигитимни избори има поднесено повеќе кривични пријави од членови кој ги има исклучено од здружението и активни членови поради спротивставување на неговите криминални работи кои ги прави и во моментот.

Според законот за концесија на ловишта и статутот на здружението треба да има 2 ловочувари но сепак повеќе од 2години има само еден со кој заедно го оштетуваат Ловното Здружение.

Тој во Л.З Ловец е и Претседател и Ловочувар но од се е највеќе Благајник.

На претходниот ловочувар во момемтов не му дозволува да биде член во Друштвото и го присилува ако сака да биде член да потпише Изјава за сума на пари од претходните години кога ја извршувал функцијата ловочувар.

Минатата недела беше жална глетката кога гореа дел од ловиштата во с.Судик,с.Трогерци и с.Г.Балван додека пожарникарите и месното население се бореше да го изгасне пожарот,странските ловци гости на Претседателот Далибор слободно си ловеа на само неколку стотина метри од пожарите и го уништуваа пребеганиот и исплашен дивеч.

Не знаеме уште што треба да се случи за конечно институциите да преземат мерки против овој криминал кој се прави од страна на “Полицаецот”Далибор,ловочуварот Р.Р и одредени членови од Управнио одбор,уништувачи на дивечот и здружението кое постои повеќе од 70години со над 600 активни членови.

Има иницијатива од Група незадовлни ловци со собрани потписи од над 270члена за распишување на Вонредни избори на што до денес нема никаков одговор и не е ставено на дневен ред на Управниот одбор.

Здужението Ловец го направи своја сопствена фирма во која без никакви одлуки разрешува и поставува членови во Претседателството и Управниот одбор кои воопштоо не се биле ни избрани дури и на фалсификуваните избори во Подружниците кој ги денес застапуваат во Управните органи и Претседателствотп.

Го повикуваме раководството под ХИТНО да се произнесе по следните прашања и да распише Вонредни избори во Л.З Ловец Штип.

1.Дали е повредено лицето А.М од странски ловец во околината на село Чардаклија?

2.Дали ловецот кој го застрелал лицето А.М пукал од туѓо оружје?

3.Дали случајот е пријавен во МВР од страна на Л.З Ловец?

4.Зошто лицето не е задржано за распит,туку веднаш е префрлено преку граница?

5.Дали Претседателот Далибор поседува 5 нерегистрирани џипови со странски таблици и дали преку Л.З Ловец ги изнајмува на странските ловци?

6.Која е причината за исклучување на членовите Н.М,Г.И,М.С и Л.К?

7.Која е причината за неиздавање на дневна дозвола на поранешниот ловочувар А.П?

8.Дали е пријавено во МВР почеток на ловната сезона и дали лицето кое пукало бил пријавен како странски ловец?

Го повикуваме Јавното Обвинителство да постапи по “Допрен Глас”

#Обвинителство за Организиран криминал

#Министерство за Земјоделство

#Министерство за Внатрешни работи

#Државен инспекторат за Шумарство

Иницијативен одбор Група незадоволни ловци.

(Канал 5)