Ива Спасовска е една од оние девојки за кои важи: колку креативна, толку убава, згодна и сек*апилна. Имено, младата модна креаторка во услови на корона пандемија, вредно работеше и искреира неколку нови колекции, меѓу кои и костими за капење, пишува Вистина.мк

Една од нив, ја презентираше уште на самиот старт на летото, кога на почеток на месец јуни избра колекцијата бикини да и ја промовира најатрактивната и најсек*апилна фитнес инструкторка, а воедно и македонска велнес фитнес шампионка, Кристина Неделковска.

Но, тука Ива не застана, па и самата доволно атрактивана, одлучи она што досега не го покажала, самата да го презентира, на убавиот сончев ден, облечена во сопствените „Bloody Red Lateks“ во полниот базен.

А во нив креативната Ива, делува нескротлива и дива, толку заводливо и сек(и, што на многу од професионалните манекенки и модели, ќе им „набие комплекси“. Секако, со овие нејзини разголени рекламни фотографии на кои креаторката ги распослала сите свои телесни убавини, па изгледа како лице од насловницата на модните магазини!

Црвената боја ионака самата по себе асоцира на љубов и страт, а кога се женските костими за капење во прашање, уште повеќе го истакнува сиот сек*апил и раскошниот телесен профил на онаа која го носи, во случајов самата креаторка.

📸

Штета што фотографката која ги направила фотографиите во различни пози на Ива, не направила и еден „фотошутинг“ на самата на себе во костимот на нејзината пријателка, згодната модна креаторка.

Според она што се знае и може да се види и Катарина Павловска, русокосата убавица зад фотообјективот ништо помалку немаше да ви го одзеде здивот (с)облечена во „крваво црвениите латекс“ бикини на креативната Ива.